Навивачите можат да бидат мирни: Потпиша и Ван Дајк!

by Стефан
1 минути читање

Капитенот на Ливерпул Вирџил Ван Дајк денеска го продолжи договорот со англискиот гигант до 2027 година.

Долго време се шпекулираше дали еден од лидерите на тимот од „Енфилд“ ќе остане верен на „црвените“ по седум ипол години од неговото пристигнување и на крајот се беше завршено со воодушевување за навивачите.

Во Ливерпул, Ван Дајк пристигна од Саутемптон во 2018 година и со овој тим стана шампион на Европа и успеа да ја освои Премиер лигата.

Холанѓанецот за Ливерпул одигра повеќе о 200 лигашки натпревари и со 33 години има статус на клуипска легенда.

Ќе потсетиме, претходно Ливерпул го продолжи договорот и со Мохамед Салах кој исто така потпиша до 2027 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани