Навивач на
Тотенхем е уапсен по големото дерби на Лондон кое Арсенал пред своја публика го
доби со 4-2 над својот голем ривал Тотенхем, во една супер интересна пресметка
која понуди доста возбудувања на теренот.
Причина за
апсењето на навивачот на Тотенхем е поради тоа што фрлил корупка од банана кон
Пјер-Емерик Обамејанг, напаѓачот на Арсенал кој со два гола и една асистенција
беше херој во победата на Топчиите.
Полицијата сега
го истражува овој инцидент за да се утврди дали имало расистички мотиви кај
навивачот на Тотенхем, додека, во истрагата учествува и англиската Фудбалска
Асоцијација.
Од Тотенхем
веднаш реагираа, и испратија јасна порака дека гестот на нивниот навивач бил
целосно неприфатлив, а тој сигурно ќе се соочи со суспензија од присуство на
трибините за време на нивните натпревари.
„Гест како тој е
целосно неприфатлив за нас како клуб, навивачот сигурно ќе се соочи со
суспензија“ изјави портпаролот на Тотенхем.