Фудбалерите на Наполи вечерва забележаа важен триумф со кој го искористија поразот на Интер од Рома и го преземаа врвот на табелата.
Работата избраниците на Антонио Конте денеска против Торино ја завршија уште во првото полувреме кога ги постигнаа дватагола во победата од 2-0, а централна фигура беше Скот Мектоминеј.
Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед го отовори резултатот уште во седмата минута кога го искористи додавањето на Ангуиса. Истиот фудбалер на сличен начин ја затресе мрежата на Торино и пред крајот на првото полувреме кога асистент беше Политано.
Второто полувреме Наполи го одработи рутински и сигурно ја чуваше предноста која му донесе важни бодови. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас за Торино ги одигра комплетните 90 минути против својот поранешен клуб.
На табелата Наполи сега има 74 бода, три повеќе од Интер и таа предност ќе се обиде да ја сочува во последните четири кола од првенството.
Во истиот термин се одигра одложениот натпревар од петокот помеѓу Лече и Аталанта кој заврши без победник 1-1.
Победа денес претходно забележа и Јувентус кој ја совлада веќе прежалената Монца со 2-0 и така освои важни бодови во битката за место во Лигата на шампионите нарендата сезона.
Фото: SSC Napoli