116
Иако на мечот беа постигнати дури шест гола, ниту еден од нив не беше даден во првото полувреме. Од првите 45 минути за издвојување е црвениот картон на тренерот на Аталанта, Гасперини кој требаше да ја напушти клупата во 26. минута.
Резултатот го отвори Запата во 52. минута од мечот, веднаш потоа Елмас беше изваден од игра а на негово место влезе Инсиње.
Пет минути подоцна Зиелински изедначи на 1-1, но веднаш следуваа погодоци на Госенс и Мурел за водство на Аталанта од 3-1.
Госенс во 76. минута ја затресе и сопствената мрежа и го врати Наполи во игра, но Ромеро три минути подоцна ги постави конечните 4-2.