Наполи со сигурна победа и три бода ја стартуваше новата година, Елмас повторно почна од клупата, во игра влезе во 77. минута.
Зиелински постигна два гола, по еднаш реализираа Лозано и Инсиње кој погоди од пенал.
Џенова може да биде задоволна со бод против Лацио кој важеше за сериозен фаворит во овој меч. Лацијалите поведоа со гол на Имобиле од пенал во 15. минута, израмни Дестро во 58. минута.
Рома со гол на Џеко во 72. минута дојде до минимална победа од 1-0 против Сампдодрија.
Аталанта со убедливи 5-1 го совлада Сасуоло. Запата постигна два гола, по еднаш погодија Песина, Госенс и Муриел.
Во останатите мечеви Фиорентина и Болоња одиграа без голови, Торино ја победи Парма на нејзин терен со 3-0, Верона со 1-0 славеше кај Специја.