Наполи вечерва соопшти дека утринава било направено ново тестирање на целиот прв тим и младинскиот состав. Сите биле негативни освен еден младинец. Тестот на Лоботка само не бил обработен на време.
Италијанскиот клуб имаше двајца заразени од коронавирус, Пјотр Зиелински и Елиф Елмас. Ваквите вести значат дека двајцата веќе не се позитивни на ковид-19 и може да се приклучат на тренинзите.
Сепак и покрај тоа, Елмас нема да се приклучи на останатите репрезентативци за утрешниот натпревар против Косово.
Tutti negativi al Covid-19 i tamponi effettuati stamattina ai componenti del gruppo squadra. Manca solo il tampone di Stanislav Lobotka che non è stato ancora elaborato. Risulta positivo al Covid-19 un calciatore appartenente alla rosa della Primavera.
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) October 7, 2020