85
„Бјанконерите“ со
пресврт во вториот дел стигнаа до победа од 3-1 во дуелот пред своите фанови против Наполи во Купот на
Италија.
Гостите добро го
започнаа натпреварот и поведоа со погодокот на Каљехон во 36. минута од средбата.
Но тоа само ги
налути домаќините кои изедначија на стартот од вториот дел со голот од пенал на
Дибала.
Во 64. минута
следеше комплетен пресврт. Рејна заплива по една нафрлена топка, а Игуаин
одлично се снајде и ја смести топката во небранетата мрежа.
Победата од 3-1
ја донесе Дибала со својот втор гол од белата точка во 69. минута.