Наполи не доби дозвола да отпатува за Торино, виси мечот со Јувентус

by
1 минути читање

Позитивниот тест на Елиф Елмас од попладнево, како и оној на Пјотр Зелински од вчера (плус уште еден позитивен тест на соработник) го стопираше летот на Наполи за Торино.

Како што пренесуваат медиумите од Италија, експедицијата на Наполи вечерва го напуштила тренинг центарот и се упатила кон аеродром кога добиле известување дека имаат забрана да го напуштат градот.

Локалните здравствени власти од Неапол сметаат дека не е безбедно составот на Наполи да патува, па сега виси мечот со Јувентус.

Според правилата на УЕФА, кои ги применува и Серија А, натпреварот нема да биде одложен доколку клубот на располагање има 13 здрави фудбалери, помеѓу кои и еден голман.

Сепак, локалните власти имаат свои протоколи и се чини дека тие се над спортските, па Наполи не ризикува службен пораз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани