89
„Наполитанците“ со цел плен си заминаа од „Луиџи Ферарис“ иако по првите 45 минути губеа со 1-0. Домаќините добро го започнаа мечот и поведоа во 20. минута со голот на Куаме.
Но избраниците на Анчелоти направија комплетен пресврт во вториот дел. Откако најпрво играта беше прекинaта поради обилни врнежи од дожд и вода на теренот, само неколку минути по рестартот, Руиз погоди за 1-1.
Џенова потклекна по втор пат во 86. минута. По една нафрлена топка од прекин, Бираски беше несреќниот фудбалер кој си постигна автогол.
Откако Наполи поведе, Пандев доби шанса и влезе во игра, но Македонецот не можеше да стори ништо за неговиот тим да избегне пораз.