Авантурата на
Мауро Икарди во дресот на Интер се чини дека ова лето ќе и дојде крајот, во
Италија на големо се шпекулира дека Аргентинецот не е дел од проектот на клубот
за идните сезони, па така тој е на излезна врата од Милано.
Поранешниот
капитен на Нероаѕурите е доста интересен за водечките екипи во Италија, се
издвојуваат Рома и Наполи, а од поодамна е познат интересот од Јувентус.
„Газета дело
Спорт“ објави дека Наполи веќе подготвува понуда за Аргентинецот, се вели дека
Интер посакува да го добие Зјелински или Фабиан Руиз како дел од договорот
помеѓу обата клуба, но, првиот човек на Наполи, Де Лаурентис одговорил
негативно и посочил дека ќе понуди само кеш.
Претседателот на
Наполи наводно е подготвен да понуди 70 милиони евра за Икарди, на кого би му
понудил 7 милиони евра плата на годишно ниво, со 2 милиони евра дополнително во
бонуси за напаѓачот, моментално, Икарди во Интер има годишна плата од 4,9 милиони евра.
Што се однесува пак до Наполи, би додале дека денеска „Кориере дело Спорт“ извести дека Хамес Родригез дал зелено светло за трансфер во тој клуб.