Првиот човек на
Челси, Роман Абрамович се надева дека испраќањето на фанови на клубот во
поранешниот нацистички концентрационен логор Аушвиц можеби ќе помогне во
менување на навиките на дел од фановите, повеќе отколку да се суспендираат на
одреден период за присуство на Стемфорд Бриџ.
Абрамович, кој е
евреин, сака целосно да го искорени антисемитизмот и расизмот од фановите на
Челси, повеќе со едукација, отколку со нивна суспензија од натпреварите.
„Доколку
суспендирате луѓе, никогаш нема да ги промените нивните навики. Оваа политика
им дава шанса да сфатат што направиле, да направат да посакаат да се однесуваат
подобро“ изјави за медиумите на Островот, претседателот на Челси, Брус Бак.
„Во минатото ние
ќе ги изнесевме вон трибините и ќе ги суспендиравме, до три години, сега велиме
‘Вие направивте нешто лошо,
имате опција, можеме да ве суспендираме или да поминете извесен период со
нашите претставници’“ заклучи Бак.