65
Додека неговите соиграчи го потат дресот на ПСЖ, Нејмар се забавува во Бразил. Можеби излегувањата на карневалот во неговата земја ќе му ја забрзаат рехабилитиацијата.
Тој беше уловен како се забавува со русокоса девојка. Се работи за 19-годишната Рафаела Порто која е пејачка, настапила на на „The Voice Brasil“ минатата година.
Врската меѓу Нејмар и Рафаела трае веќе некое време, таа била и на роденденот на Бразилецот во Париз на почетокот од минатиот месец, но сега се направени првите фотографии од двојката.
Нејмар во октомври минатата година ја прекина врската со Бруна Маркезин со која беше шест години.