Наместо да го продолжи договорот со Барса, Дембеле ќе оди во Премиерлигата?

by
1 минути читање

Се чинеше дека Барселона и Дембеле се на добар пат да потпишат нов договор и дека тоа сигурно ќе се случи. Но „Ел Мундо Депортиво“ пишува дека Французинот има понуди од три премиерлигаши, па се уште размислува.

Њукасл, Манчестер јунајтед и Ливерпул се трите клуба кои се заинтересирани за Дембеле.

Финансиски понудата на Њукасл е најдобра, а Манчестер јунајтед и Ливерпул го привлекуваат со нивната големина, но и тие му нудат подобар договор отколку што му нуди Барса.

Барселона му понуди нов договор, а Дембеле побара малку време да размисли. Отогаш поминаа 10 дена, но фудбалерот се уште не се јавил на управата на клубот.

Неговиот договор истекува по крајот од сезоната, па за неколку дена ќе може и официјално да преговара со други клубови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×