Најскапиот дефанзивец во светот „блокираше“ свој соиграч во голот на Ндомбеле (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед беше посрамотен на свој терен од Тотнем откако забележа дебакл од
пораз со 1-6, иако домаќините со гол од пенал кој го реализираше Фернандеш уште
во втората минута први поведоа на дербито.

Сепак, Ндомбеле
две минути подоцна се погрижи за израмнување на резултатот, а голот дојде по
една крајно комична ситуација во режија на најскапо платениот дефанзивец во
светот на фудбалот, Хари Мегваер.

Во моментот кога
Лук Шо со крајни напори се обидуваше да му ја одземе топката на Ерик Ламела,
односно да го изблокира Аргентинецот, на крајот му „асистираше“ на Танги
Ндомбеле, а за тоа да биде така се погрижи токму неговиот соиграч Мегваер кој
за момент дури и го задржа Шо по што овој загуби рамнотежа…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани