Најк и ЕА Спортс
„од близу“ го мониторираа случајот против ѕвездата на Јувентус, Кристијано
Роналдо во врска со обвиненијата кон него за силување, обете компании потврдија
во соопштенијата до јавноста.
Полицијата во Лас
Вегас ја реотвори истрагата од 2009. година откако Катрин Мајорга излезе со
нови информации за истата, нејзините адвокати имаа пресконференција доцна
синоќа, предупредувајќи дека ќе можат да изнесат клучни докази во јавноста.
Мајорга се
спогоди со Португалецот во 2010. година, добивајќи 375.000 долари за да не
излегува во јавност со информации за тој случај, но, истиот поради законите кои
налагаат во таа држава, односно не стареат, отвора можност повторно да биде
реотворен, што и се случи.
„Ние сме длабоко
загрижени за вознемирувачките изјави и од близу ќе го мониторираме случајот“ се
вели во соопштението на Најк, а во јавноста се одзва и ЕА Спортс.
„Ги увидовме
загрижувачките информации кои наведуваат детали против Кристијано Роналдо, од
близу ја мониторираме ситуацијата, очекуваме сите претставници на спортот и
амбасадори на истиот да се однесуваат според вредностите на ЕА Спортс“ велат од
таму.
И Јувентус се одзва во јавноста, но клубот од Торино лансираше само две објави на Твитер во
однос на таа тема, но, не и на официјалниот веб сајт, а нивните објави
предизвикаа полемика во фудбалската јавност, за тоа колку тие две пораки беа „погодени“ во однос на темата која ја разбранува јавноста во моментов.