Илија Најдоски,
некогашниот член на белградска Црвена Звезда каде ги имаше своите најголеми
успеси во клупската кариера, ги изнесе своите
очекувања за претстојното Светско првенство во Русија.
Очигледно дека тој
ќе навива за Србија и Хрватска, на истите селекции им порача дека мора да се
покаже другарство во тимот и конечно да се надмине тој „балкански менталитет“,
според него, кога на големите натпреварувања во услови кога треба да се
покажат, да се избегнат киксовите.
„По мое мислење,
најважно ќе биде да се задржи атмосферата во тимот, да се покаже вистинско
другарство во тимот. Ние Балканците сме познати по тоа дека правиме киксови на
големите натпреварувања кога треба да се покажеме. Но, доколку хармонијата во
екипата биде на највисоко можно ниво, мислам дека Хрватска и Србија можат да се
носат со сите селекции на ова првенство“ смета Најдоски кој го издвои Бразил
како еден од поголемите фаворити, а добар резултат според него може да направи
и селекцијата на Шпанија.
„Бразил е секако
помеѓу фаворитите, причината е јасна, таа екипа има голем квалитет. Шпанија
може да направи добар резултат, но, најмногу би сакал Србија и Хрватска да
приредат изненадување“ додаде Најдоски кој моментално е со тимот на Вардар до 18 години кој има настап на „Турнирот на пријателство“ во Златибор.
Извор:
sportske.net
Фото-вест: Kup Prijateljstva