Најдоброто од Вернер допрва доаѓа, тврди Лампард

by
1 минути читање

Челси одигра реми
без голови во дербито на шестото коло од Премиерлигата на гостувањето кај
Манчестер јунајтед, а многумина повторно потсетија дека и натаму Тимо Вернер,
па и Каи Хаверц не функционираат добро во новиот тим.

Особено актуелна
е темата со гол-машината Тимо Вернер, а шефот на стручниот штаб на Челси, Франк
Лампард тврди дека најдоброто од него допрва доаѓа.

Нормално е да
помине одредено време за сите работи да дојдат под контрола, овие работи не се
случуваат преку ноќ, потребен е период за истите да се изградат
“ вели Лампард.

Причината поради
која ги ангажиравме Тимо и Каи е да додадеме квалитет во составот, а ние веќе
го имаме тоа, Зијеш исто така полека но сигурно влегува во посакуваниот ритам
“ додава тој, а на крајот заклучи дека е исклучително среќен од изборот кој му е на располагање.

Немам никаква
грижа во однос на оваа тема, освоивме реми со Манчестер јунајтед, а тоа е
сосема нормално, среќен сум со фудбалерите кои ги имам на располагање
“ подвлече Лампард.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани