На фудбалската
мапа која ја креираше Газете дело Спорт со најголемите таленти во Европа доминира
Франција со дури осум играчи, а по три имаат Италија, Шпанија и Англија.
На врвот е
играчот на Борусија Дортмунд, Осман Дембеле кој импресионира со игрите на
Сигнал Идуна Парк.
Втор е младиот чувар на мрежата на Милан, Џиџи Донарума кој се најавува како
наследник на легендарниот Џиџи Буфон.
Подиумот го
комплетира Ренато Санчез, кој минатото лето направи трансфер во Баерн Минхен
вреден 35 милиони евра, но зделката може да се искачи до фантастични 80 милиони
евра.
Газета дело Спорт
исто така создаде и идеален тим од најталентираните играчи кои настапуваат во
Европа, но на него има тројца кои не се од стариот континент (Дивара, Пулишиќ и
Габриел Жесус).
Идеалниот тим:
Донарума, Хенрихс, Диоп, Сар, Пулишиќ, Диавара, Ренато Санчез, Ојарзабал,
Дембеле, Рашфорд и Габриел Жесус.
Најдобрите 30
таленти од Европа:
1 Дембеле – Франција/Дортмунд
2 Донарума – Италија/Милан
3 Ренато Санчез – Португалија/Баерн
4 Рашфорд – Англија/Манчестер јунајтед
5 Мпабе – Франција/Монако
6 Рубен Навас – Португалија/Порто
7 Сар – Франција/Ница
8 Долберг – Данска/Ајакс
9 Емболо – Швајцарија/Шалке
10 Ојарзабал – Шпанија/Реал Сосиедад
11 Огустин – Франција/ПСЖ
12 Иса Диоп – Франција/Тулуз
13 Хенрихс – Германија/Леверкузен
14 Мор – Турција/Дортмунд
15 Тилеманс – Белгија/Андерлехт
16 Тео Ернандез – Франција/Алавес
17 Исак – Шведска/Дортмунд
18 Ваљехо – Шпанија/Ајнтрахт
19 Мајорал – Шпанија/Волфзбург
20 Бога – Франција/Гранда
21 Унал – Турција/Твенте
22 Харвец – Германија/Леверкузен
23 Киеза – Италија/Фиорентина
24 Чориќ – Хрватска/Динамо Загреб
25 Локатели – Италија/Милан
26 Сесењон – Англија/Фулам
27 Миленковиќ – Србија/Партизан
28 Дејвис – Англија/Евертон
29 Одегард – Норвешка/Херенвен
30 Лафонт – Франција/Тулуз