99
41 годишниот Марк
Клатенбург, кој важи за еден од најдобрите судии на „Островото“ но и во Европа,
реши да започне нова авантура.
Тој повеќе нема
да суди во Премиерлигата и ја прифати понудата на Саудиска Арабија.
Англичанецот ќе
биде прв човек на судиите во оваа земја од Азија, а ќе ја дели и правдата на
неколку натпревари.
Се верува дека
Марк Клатенбург на оваа позиција ќе го наследи поранешниот судија од
Премиерлигата, Хауард Веб.
Неговиот последен
натпревар во Премиерлигата ќе биде запамтен по контроверзната одлука да не го
поништи голот со рака на Алексис Санчез на дуелот помеѓу Арсенал и Хал.