217
„Офанзивците Никола
Ѓорѓев и Исак Бакли-Рикетс најверојатно нема да се вратат во Твенте. Двајцата
немаат иднина во клубот и веќе се вратија во Швајцарија, односно Англија“
пишува „Tubantia“.
Нашиот 20 годишен
интернационалец остана само на два настапи за Твенте, оние кои ги забележа на
стартот од новата сезона и тука застана.
Ѓорѓев изминатото лето
премина во редовите на Твенте како позајмен од неговиот матичен клуб
Грасхоперс, договорот помеѓу двата клуба беше Македонецот да остане во
холандскиот прволигаш во следните две години, но како позајмен, од причина што
швајцарскиот клуб не сакаше да се откаже од него.
Извор/Фото-вест: tubantia.nl