Надежите до 18 години ќе тестираат со Словачка, селекторот Селими го објави списокот

by Стефан
1 минути читање

Македонската репрезентација до 18 години ќе ги одмери силите со своите врсници од Словенија на две контролни средби што ќе се одиграат на самиот крај од мај.

Избраниците на селекторот Ерхан Селими ќе гостуваат во словенечкиот град Птуј, каде што се закажани двата натпревари. Првиот ќе се одигра на 27 мај со почеток од 17 часот, додека вториот е закажан за 29 мај во претпладневен термин – од 11 часот.

Селекторот Селими веќе го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за овие контролни дуели со Словенија, со што нашата селекција ќе има можност да провери дел од потенцијалот на генерацијата која треба да биде темел на идниот сениорски состав.

ГОЛМАНИ:

Давид Илоски   А.П. Брера

Онур Бешир   Шкендија

ОДБРАНА:

Златко Радески   Вардар

Абдулах Аслани   Лунгби   Данска

Горазд Ристовски   Црвена Звезда Србија

Давид Стојаноски   Браво, Словенија

Лука Атанасовски   Беласица

Андреј Мурџески   Вардар

Назиф Цека   Шкендија

Емир Шаботиќ   Вардар

СРЕДЕН РЕД

Каменчо Андоновски   А.П. Брера

Кренар Хоти   Работнички

Марко Киш   Њу Старс

Ариф Локи   ХБ Коге Данска

Мерт Адеми   Аален Германија

Семир Исљами   Сион, Швајцарија

Бојан Затуроски   Охрид Лихнидос

Адмир Љатифи   Беса

Аритон Мехмед   Шкупи

НАПАД:

Игор Ристов   А.П. Брера

Хисар Али   Беса

Димитар Шаркоски   Победа

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани