94
Феликс во игра влезе на полувремето на местото од Лемар, во 69. минута постигна гол, по што го стави прстот на носот и извика нешто кон клупата на Атлетико Мадрид.
По натпреварот Диего Симеоне беше запрашан што значеше таквата прослава на Жоао Феликс.
„Треба да го прашате него“, со насмевка одговори Симеоне и продолжи: „Тој постигна одличен гол. Влезе во игра и имаше одлично второ полувреме… Ми се допаѓа кога фудбалерите се бунтовни, кога сакаат да бидат посилни. Потребен ни е таков Жоао Феликс, тој е значаен фудбалер за нас“.
„Ќе го прашам следниот тренинг што му значело тоа и ќе ви кажам. Ми се допаѓа кога фудбалерите ја покажуваат својата гордост. Ако фудбалерите се бунтовни, дајте ми ги мене“.