Кога го презема кормилото на ВБА, Алардајс беше прашан дали Арсенал се бори за опстанок, тој одговори: „Апсолутно. Тие немаа победено на меч од Премиерлигата многу долго време“ (тогаш имаа една победа во десет меча).
„Дополнително поразот од Манчестер Сити ќе влијае лошо за самодовербата на играчите на Арсенал. Ќе се чудат што ги удрило“, изјави Алардајс за поразот на топчиите во Карабао Купот.
Но по тој пораз Арсенал победи на три меча по ред во Премиерлигата, вклучувајќи го и тој од 4-0 против ВБА.
За разлика од Арсенал кој влезе во форма, ВБА на последните два меча прими девет гола, пет од Лидис и четири од Арсенал.
Арсенал се искачи ина 11. место на табелата, а ВБА е на претпоследното. Разликата помеѓу двата клуба сега е 15 бодови.
Па очигледно е дека изјавата на Сем Алардајс му се удри од глава и работите отогаш се променија и за двата клуба но во обратна насока.