761
Екипата на Партизан до крајот на преодниот рок кој во Србија е отворен уште една недела би можела да се засили со двајца Македонци.
Вчера се појави информацијата дека црно-белите се пред потпис со Бојан Димоски, а денес „Моцарт спорт“ објави дека на „радарот“ на Партизан е и Лука Станковски.
Некогашниот младински репрезентативец на Македонија во Раднички пристигна прво на позајмица, а потоа српскиот клуб го откупи неговиот договор.
Сезонава на 14 натпревари во дресот на Раднички постигна три гола и е еден од поважните фудбалери во тимот.