На повидок голем скандал: Ракитиќ и уште шестмина фудбалери вмешани во милионска измама?!

by Стефан
1 минути читање

Според пишувањата на реномираниот шпански весник „Периодико“, поранешниот хрватски репрезентативец Иван Ракитиќ, заедно со уште шестмина екс-фудбалери на Севиља, се најдоа под истрага за наводна вмешаност во милионска измама поврзана со криптовалути и НФТ токени.

Станува збор за случај поврзан со проектот „Shirtum“, чија вредност, според првичните информации, достигнала најмалку три милиони евра.

Освен Ракитиќ (37), истрагата ги опфаќа и Алехандро Гомез, Лукас Окампос, Алберто Морено, Хавиер Савиола и Нико Парехо. Случајот го води судот во Барселона, а главни осомничени се тројца каталонски претприемачи, Манел Анхел Торас, неговиот син Марк Алберт Торас и Мануел Морилјас, како и аргентинскиот државјанин Давид Розенкваг. Тие се обвинети за вкупно 11 кривични дела, меѓу кои проневера, измама и затајување данок.

Фудбалерите сè уште не се официјално обвинети, но во приватната тужба поднесена од 12 оштетени граѓани, тие се наведени како соучесници и помагачи во измамата преку промоција и рекламирање.

Според наводите во тужбата, фудбалерите имале „активна улога во промоција и продажба на токени“, а најмногу се истакнува улогата на Гомез, кој, наводно, тесно соработувал со главните осомничени. Апликацијата што ја развивале никогаш не заживеала, а НФТ токените и криптовалутите немале никаква реална пазарна вредност.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани