На Островот пишуваат дека паднал договор: Ливерпул за „џабарлак“ се засилува со Минамино

by
1 минути читање

Ливерпул веќе се
договорил со Салцбург за ангажман на Такуми Минамино уште во јануарскиот
преоден рок, а иако Јапонецот имаше „смешна“ откупна клаузула во својот договор
со австрискиот тим, сепак на „Редсите“ не им беше тешко да го договорат ова
засилување со оглед на големата конкуренција.

„Индипендент“
известува дека Ливерпул веќе го победил Манчестер јунајтед за потписот на 24
годишниот фудбалер, а на Салцбург ќе му исплати само 7,25 милиони евра
обештетување, онолку колку што изнесуваше откупната клаузула на фудбалерот.

„Тајмс“ пренесе
дека Јирген Клоп е голем обожавател на играта на Јапонецот кој имаше
фантастични перформанси во Лигата на шампионите.

Минамино запиша
три асистенции и два погодоци во неговите настапи во Лигата на шампионите оваа
сезона, вклучувајќи го и погодокот против Ливерпул на „Енфилд“ каде неговиот
тим загуби со 4-3 по еден драматичен меч.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×