На Мурињо и Кејн не им се веруваше, Ланзини со спектакуларен гол во 94. минута донесе бод за Вест Хем (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Луд натпревар во
Лондон, Тотнем испушти три гола предност против Вест Хем. „Спарси“ одлично го
започнаа мечот, Сон погоди по само 45 секунди за 1-0. Хари Кејн во 8. минута
зголеми на 2-0, а истиот играч во 16. минута по втор пат ја затресе мрежата на
гостите за 3-0.

Се чинеше дека
„чеканите“ ги чека тежок пораз, но финишот од мечот донесе неверојатен расплет.

Најпрво Хари Кејн
ја погоди рамката од голот, за Балбуена во 82. минута да намали на 3-1. Потоа
следуваше автогол на Санчез за 3-2 и драма во завршницата.

Герет Бејл имаше прилика
да се прослави на своето деби и да ги реши дилемите околу победникот но не
погоди.

Казната за ова
стигна во 94. минута, кога по еден корнер, Ланзини начека една топка на врвот
од шеснаесетникот и спектакуларно погоди во аголот. Хуго Лорис скокна како
мачка, но само ја допре топката, која од пречката заврши во мрежата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани