На Монако му донесе стотици милиони и титула во Франција а за возврат сега доби отказ

by
1 минути читање

Стратегот од Португалија
во 2014 седна на кормилото на Монако и најголемиот успех го оствари во сезоната 2016/17 кога стигна до
титулата од првенството на Франција пред ПСЖ, кој доминираше со години и имаше далеку подобар тим.

Во исто време
додека бележеше добри резултати, Леонардо Жардим на клубот му донесе стотици
милиони евра со тоа што укажуваше шанса на млади играчи, кои потоа направија
големи трансфери.

Сепак во фудбалот
нема сентименталност, резултатите оваа сезона не се на посакуваното ниво, Монако
има само една победа, па лидерите на клубот решиле да се раздели со стратегот.

Како што
пренесуваат медиумите од Франција, одлуката е веќе донесена и до крајот на
неделата ќе пристигне официјална потврда. Како негов наследник се најавува
Тјери Анри.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани