63
Интер го искористи киксот на Јувентус за да отвори поголема предност, попладнево избраниците на Конте без многу проблеми славеа со 3-0 против Џенова.
На Лукаку му требаа само 32 секунди за да го совлада Перин и да донесе водство од 1-0 за домаќините.
За следниот гол се чекаше многу, Дармијан со прецизен шут по земја во 69. минута донесе 2-0.
Сите дилеми ги реши Алексис Санчез, Чилеанецот само што влезе од клупата за резерви заврши една убава акција на Интер за 3-0.
Нашиот Горан Пандев доби шанса од клупата по еден час игра, но не можеше да стори ништо за Џанова да избегне пораз.
Со овие три бода, „нероаѕурите“ имаат +7 во однос на Милан и +10 во однос на Јувентус, но и натпревар повеќе.