Многумина не сакаат да играат на празни стадиони во тивка атмосфера каде што се слушаат само извиците на фудбалерите и тренерите. Но Јирген Клоп не е еден од нив.
„Во овој дел јас сум чудна личност. Кога гледам фудбал, други натпревари не нашите, најчесто ги гледам без звук бидејќи не сакам да ги слушам коментарите, заинтересиран сум само за натпреварот. Не ми е проблем тоа што на натпреварите ќе биде тивко“, вели Клоп.
„Знам дека фудбалот зад затворени врати не е ист. Но зошто да го споменуваме тоа постојано?“.
„Сите сакаме кога има контакт, кога сме бодрени од навивачите, кога тие не носат со нивното навивање. Сите го сакаме тоа но не можеме да го имаме“.
„Зошто да мислиме на нешто кое не можеме да го имаме во моментов? Треба да ги користиме работите кои ги имаме во моментов“.