Како што пренесува Марка, Јирген Клоп не е привлечен од идејата да го презеде кормилото на Реал Мадрид, стратегот на ум го има селекторското столче на Германија.
„Кралевите“ се на добар пат втора сезона по ред да не освојат трофеј, па Алваро Арбелоа тешко дека ќе го преживее овој неуспех и се очекува да биде заменет.
Низ медиумите кружат неколку имиња како можни опции на Реал Мадрид за нов тренер, а најчесто се споменуваат Јирген Клоп, Маурисио Покетино и Дијде Дешам.
Но како што пренесува Марка, Јирген Клоп во моментов не е привлечен од идејата да го презеде кормилото на Реал Мадрид.
Стратегот на ум има друг предизвик, односно да стане селектор и тоа на сопствената репрезентација – Германија.
Во моментов Јулијан Нагелсман има договор со „панцерите“ до 2028, но лош настап на Светското првенство во САД може да ја промени ситуацијата.