На какво дереџе падна Боатенг, пред една година беше член на Барса, сега потпишува за клуб од Серија Б

by
1 минути читање

Боатенг повторно ќе се обедини со Силвио Берлускони и Адриано Галијани кои беа сопственици на Милан кога тој играше таму, а сега се први луѓе на Монца.

Боатенг веќе е во Монца каде што денеска треба да ги помине медицинските тестови и да стави потпис на договор со второлигашот.

Тој во Монца доаѓа од Фиорентина, а виолетовите го имаа пратено во Бешикташ на позајмица за вториот дел од сезоната.

Најдобрите моменти од кариерата Боатенг ги имаше во Милан, шест месеци помина и во Барселона, но формата од деновите на Сан Сиро никогаш не ја повтори.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани