Се веруваше дека Јувентус ќе биде следната дестинација за Милинковиќ Савиќ, но последните информации од Италија велат дека тоа нема да се случи.
Јувентус не сака да даде повеќе од 70 милиони евра за Србинот, а Лацио смета дека за негов трансфер може да земе многу повеќе.
Се верува дека Лацио бара 120 милиони евра, а вчера претседателот на клубот, Лотито изјави дека тие немаат ни потреба од продавање.
Ваквиот развој на настаните го исфрла Јувентус од трката за потпис на играчот од средниот ред, за кого интерес имаше и од Манчестер јунајтед, но и од шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона.
Јувентус е единствениот клуб од Италија кој може да си го дозволи Милинковиќ Савиќ, па доколку тие се откажуваат, јасно е дека Србинот наскоро би можел да ја напушти Серија А.