На Италијаните не им доаѓа памет: Лацио објави стартен состав а Торино не отпатува во Рим (ФОТО)

by
2 минути читање

Во октомври бевме сведоци на смешна ситуација, Јувентус истрча на теренот и покрај тоа што се знаеше дека нема да има фудбал откако Наполи не отпатува во Торино.

„Старата дама“ го доби мечот со службени 3-0 на зелена маса, но Наполи по неколку жалби ја промени одлуката.

Очигледно на Италијаните не им доаѓа памет, па денеска се повторува ситуацијата. Екипата на Торино не отпатува во Рим но и покрај тоа нема абер за одложување на натпреварот.

Tорино има дури осум позитивни случаи на ковид-19 помеѓу фудбалерите, па локалните здравствени власти уште минатата недела ги ставија „биковите“ во карантин, кој завршува вечер на полноќ и практично е невозможно Торино да патува.

Дополнително, фудбалерите на Торино се заразени со британскиот сој кој многу полесно и порзо се шири, па затоа локалните здравствени власти не сакаат ништо да ризикуваат.

И покрај сето ова, Серија А не сакаше да го одложи натпреварот, па Лацио го објави стартниот состав и ќе излезе на терен во 18:30 часот. Ќе се чека 45 минути, мечот потоа ќе биде доделен на Лацио со службени 3-0 а Торино ќе поднесе жалби.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани