На Инзаги не му успеа со Венеција до Серија А, но, најде ангажман во елитното друштво за следната сезона

by
1 минути читање

Поранешниот
легендарен напаѓач Филипо Инзаги не успеа да влезе во финалето од плејофот во
Серија Б за место во елитното друштво на Италија, а токму Палермо на нашите
репрезентативци Трајковски и Несторовски го спречија во тоа.

Сепак, тој најде
ангажман во Серија А, од следната сезона ќе го предводи тимот на Болоња, а на
кормилото на таа екипа доаѓа на местото на Роберто Донадони.

По крајот на
својата кариера Инзаги работеше како тренер во младинскиот погон на Милан,
неговиот поранешен клуб, а потоа во сезоната 2014/15 беше и шеф на стручниот
штаб на првиот состав на тимот од Милано, а пред две години стана тренер на
Венеција.

Со тоа, следната
сезона ќе имаме можност да проследиме дуел од клупите на Лацио и Болоња, „братски“,
помеѓу Симоне и Филипо, со оглед на фактот што неговиот брат е тренер на
Лацијалите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани