На Бувач му „пукна филмот“: Се чувствував како тренер, само не давав изјави, не му честитав на Клоп за титулата

by
2 минути читање

Цели 17 години
траеше соработката помеѓу Жељко Бувач и Јирген Клоп, откако германскиот
фудбалски стратег седна на клупата на Мајнц, па се
до полуфиналето од Лигата на шампионите во 2018.
година кога на двоецот им се разделија патиштата.

Долго се
шпекулираше за можните причини поради кои Бувач го напушти стручниот
штаб на Клоп во Ливерпул, најпрво се наведе дека сето тоа се случило поради приватни причини, а моментално Бувач е спортски директор на Динамо
Москва, па се чини дека дојде моментот кога Србинот посака да си ја отвори
душата во поглед на темата со Клоп.

Се чувствував
како дасум тренер сите тие 17 години, ја обавував таа функција, освен што не
давав изјави и не говорев јавно, ги имав сите функции и се трудев да имам влијание
на тимот колку што можам да помогнам за да успее, но, немав никаква потреба од
дополнително внимание од јавноста
“ вели Бувач кој додава дека имал безброј
понуди.

Во моментов не
сакам да бидам тренер, доколку ме повикаат од Барселона, секако би размислил,
инаку не размислувам на таа тема, доколку би знаеле какви понуди одбив во текот
на паузата во мојата кариера… Но, нема да ги откријам имињата на клубовите
кои ме бараа
“ додава Бувач кој беше конкретен на прашањето дали му честитал на
Клоп за титулата во Премиерлигата.

Не му честитав,
бев среќен поради Ливерпул, поради тие навивачи, поради играчите, но, не му
честитав на Клоп
“ заклучи тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани