На Бака му нудат милиони од Кина, но тој сака да остане во Милан

by
0 минути читање

Се шпекулираше дека Бака би можел да замине во Кина, но неговиот агент ја отфрла таквата можност и вели дека играчот сака да остане во Милан.

„Карлос е многу среќен во Милан“ – вели Серхио Барила.

„Клубот и тренерот се задоволни од него“.

„Во јануари неколку европски клубови беа заинтересирани за него, сега има понуди од кинески клубови кои му нудат огромни пари“.

„Пораката е дека Карлос Бака сака да остане во Милан и не разгледува никакви други опции“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани