Ливерпул и
Манчестер јунајтед се заканиле дека ќе ја напуштат Премиерлигата и ќе формираат
ново натпреварување, ова било порачано на дискусиите за проектот „Голема
слика“.
Медиумите изминативе денови ја разбрануваа фудбалската јавност на „островото“ со сториите за планот кој сакаат да го протуркаат
Ливерпул и Манчестер јунајтед за радикални промени кои ќе донесат поголема моќ
и повеќе пари за клубовите од „големата шесторка“.
Претседателот на
ФА, Грег Кларк сега откри дека Ливерпул и Манестер јунајтед дури и се заканиле дека ќе ја
напуштат Премиерлигата и ќе формираат ново натпреварување.
Во писмо кое тој
го испраќа до собранието на ФА, се вели: „Со знаење на постари членови на бордот и
на нашиот генерален извршен директор, учествував во раната дискусија. Сепак, во
доцна пролет, кога главна цел на дискусиите стана концентрацијата на моќ и богатство
во рацете на неколку клубови, плус како закана беше ставено формирање на ново
првенство, јас се повлеков од дискусиите“.