Не е тајна дека Јувентус се обидува да го купи Алексис Санчез од Арсенал кој најверојатно ќе го напушти Емирати по крајот од сезоната.
Актуелниот договор на Санчез со Арсенал истекува во јуни 2018 година, но Чилеанецот засега одбива да потпише продолжување на соработката со топчиите.
Санчез не е задоволен од сумата која му ја нуди Арсенал, ниту од амбициите на клубот кој не покажува знаци дека атакува на најголемите трофеи.
Кориере дело Спорт информира дека Јувентус веќе испратиле понуда за Санчез вредна 30 милиони евра.
Но, Јувентус не е единствениот заинтересиран за потписот на Санчез, тој е на мета и на ПСЖ, но се шпекулира и за враќање во Шпанија, во некоја од екипите на Севиља или Атлетико Мадрид.