Муслин конечно си ја отвори душата и кажа зошто беше сменет од селекторското место иако ја однесе Србија на СП!

by
2 минути читање

Муслин со Србија успешно ги помина квалификациите за СП и по долго време ја однесе својата земја на еден Мундијал. Но наместо честитки, доби отказ од Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) и тој не ја водеше селекцијата на големиот собир.

Муслин сега отворено кажува дека почнале да му се мешаат во работата, инсистирале да играат фудбалери на СП кои не играле во квалификациите и кои не се во неговите планови да играат. Во овие барања предничел претседателот на ФСС Славиша Кокеза кој сега се сомничи за криминал, корупција и поврзаност со Веља Невоља.

„Во последниот разговор со претседателот на сојузот, Славиша Кокеза, на кој присуствуваше и некогашниот директор, за жал починатиот Горан Буњевчевиќ, разговаравме за се. Тогаш сфатив дека ќе се разделиме. Додека трае квалификациите никој не се мешаше во составот, но тогаш сфатив дека претседателот сака да го измени тој список на грачи за првата азиска турнеја. За Светското првенство споменуваа некои играчи кои воопшто не учествуваа во квалификациите. А јас како професионалец тоа не можев да си го дозволам“, вели Муслин.

Тогаш се шпекулираше дека Муслин е сменет затоа што не сака да ги игра Сергеј Милинковиќ Савиќ, Милош Вељковиќ и Немања Радониќ. Но тој вели дека не се правело притисок само за нив, туку и за други фудбалери. Се чини дека Кокеза длабоко навлегол во менаџерскте шеми пред Мундијалот.

„Не беа само тие тројца во прашање, беа и други играчи. Не е нормално да се направи такво нешто по успехот кој го направивме. Мојата задача беше да одиме на Мундијал, тоа го направивме со играчите кои ги одбрав. Тоа значи дека сум одбирал вистински играчи. Потоа прашање беше дали на СП треба да одат уште некои млади играчи или тие кои изборија пласман. До СП имаше уште осум месеци, доволно време и за експериментирање и за пробување на нови играчи, не велам дека сите тие би биле на списокот, но во тој момент не бев подготвен на било какви остапки. Реков дека ќе видам бидејќи има уште осум месеци до СП“.

Брзо потоа Муслин беше сменет од селекторската позција а на негово место беше поставен Младен Крстајиќ кој ги водеше Србите на СП во Русија.

Таму Србија го доби првиот дуел со Коста Рика, но потоа следуваа порази од Швајцарија и Бразил поради што испаднаа од групната фаза на Мундијалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани