Мурињо почна со работа во Реал, подготовките ќе бидат во Европа!

by riste
1 минути читање

Жозе Мурињо од денеска ги почнува подготовките со Реал Мадрид за следната сезона, за разлика од претходно кралскиот клуб нема да оди на турнеи надвор од Европа.

Мурињо ќе ги почне подготовките со фудбалери кои немаа обврски со своите репрезентации, па како ќе одминува времето ќе се приклучуваат оние кои играа или уште играат на Мундијалот.

Реал Мадрид подготовките ќе ги одржи во Европа, главниот тренинг камп ќе биде во Австрија.

Во стручниот штаб на Мурињо е поранешниот играч на Реал Мадрид, Семи Кедира, останатите се Жоао Тралхао, Педро Мачадо, Антонио Диаш и Нуњо Сантош.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×