Мурињо не го сака Камавинга, Реал го понуди во Премиер лигата и чека одговор

by Стефан
1 минути читање

Иднината на Едуард Камавинга во Реал Мадрид е неизвесна и Французинот би можел да ја промени средината.

„Марка“ пренесува дека Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе се обиде да се раздели со него, бидејќи наводно Жозе Мурињо не го гледа во своите тактички планови.

Како дел од таа стратегија, Реал веќе презел конкретен чекор и го понудил Камавинга на Манчестер Сити, клуб кој претходно покажа интерес за францускиот фудбалер.

„Граѓаните“ веќе потрошија околу 135 милиони евра за ангажман на Елиот Андерсон од Нотингем Форест, а претходно беа заинтересирани и за Сандро Тонали, кој сепак се одлучи за Тотнем, па останува да се види дали сега ќе се насочат кон Камавинга.

И покрај шпекулациите, самиот играч наводно сака да остане во Реал Мадрид, но таквиот развој на настаните би можел да биде отежнат.

Цената по која Камавинга е понуден на Манчестер Сити засега не е официјално откриена, но се шпекулира дека изнесува околу 50 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×