Жозе Мурињо открива дека навивал Интер да не ја освои тројната круна оваа сезона за само тој да може да се пофали дека остварил ваков успех на клупата на „нероаѕурите“.
Интер во сабота против ПСЖ ќе се бори за трофеј во Лигата на шампиони, и ќе се обиде да нама лузерски крај на сезоната со оглед на тоа дека „нероаѕурите“ пред еден месец беа во игра за тројна круна, но извисија во Купот на Италија и Серија А.
Во пресрет на финалето во ЛШ, Жозе Мурињо му даде поддршка на Интер, но ја откри и својата себична страна.
„Можеби ќе изгледам злобен, но сакам искрено да кажам нешто. Навистина се плашев дека можат да ја освојат тројната круна и не сакав да го сторат тоа. Тројната круна е само моја“ – вели „специјалниот“ кој во сезоната 2009/10 стигна до ваков успех на кормилото на Интер.
„Но сега откако загубија во Купот на Италија и во Серија А, можам да кажам дека сакам да ја освојат Лигата на шампиони“.
„Но во исто време морам да признам дека Луис Енрике заврши одлична работа во Париз, целосно го трансформираше тимот. Останаа без првиот играч, но и покрај тоа успеаја да изградат одличен тим. Па ако Луис ја освои Лигата на шампиони, ќе ми биде драго и за него“.
ФОТО: X/Fenerbahce