Мурињо го одбрал својот лидер во соблекувалната на Реал Мадрид

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Жозе Мурињо го одбрал својот лидер во соблекувалната на Реал Мадрид, човек од доверба ќе му биде голманот Тибо Куртоа.

„Кралевите“ изминатиов период беа потресени од неколку скандали во соблекувалната, лошата атмосфера кулминираше со тепачка помеѓу Феде Валверде и Орелиан Чуамени.

Па Жозе Мурињо ќе има полна работа за да воспостави цврста дисциплина, и сака да се наслони на одредени играчи за да внесе ред во тимот.

Како што пренесува Ел Периодико, „специјалниот“ го одбрал Тибо Куртоа за негов лидер, веќе разговарал со голманот и дискутирале за плановите во следните месеци.

Жозе Мурињо се надева дека Тибо Куртоа ќе биде негова продолжена рака помеѓу играчите и причината е јасна. Голманот е искусен и стабилен лидер, кој не бега од одговорност и секогаш застанува пред медиумите по тешките порази, без да создава промени зад сцената.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×