Мурињо доби добри вести, Реал Мадрид сака да направи исклучок за Куртоа

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Реал Мадрид денеска ги започнаа подготовките за новата сезона под водство на новиот тренер Жозе Мурињо.

Португалскиот стратег ја одржа првата прозивка, на која присуствуваа поголем број фудбалери кои не настапуваа на Светското првенство, меѓу нив Трент Александер-Арнолд, Дин Хујсен, Раул Асенсио, Фран Гарсија и Едуардо Камавинга.

Најдобрата вест за „кралевите“ пристигна од Белгија. Голманот Тибо Куртоа, кој беше принуден да го напушти теренот во поразот на белгиската репрезентација од Шпанија, не заработил сериозна повреда и наскоро ќе им се приклучи на соиграчите на подготовките.

Според шпанските медиуми, Реал Мадрид е блиску и до продолжување на договорот со искусниот чувар на мрежата, чиј актуелен договор истекува следното лето, исто како и оној на Винисиус Жуниор.

Иако претседателот Флорентино Перез вообичаено им нуди едногодишни продолжувања на играчите постари од 30 години, во случајот со Куртоа клубот е подготвен да направи исклучок. Мурињо има голема доверба во белгискиот голман и го гледа како еден од лидерите на тимот, па се очекува во наредниот период соработката официјално да биде продолжена.

Куртоа пристигна во Реал Мадрид во летото 2018 година од Челси за 35 милиони евра и се покажа како едно од најуспешните засилувања на клубот во ерата на Флорентино Перез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×