Жозе Мурињо побарал од Флорентино Перез да биде ангажиран Бернардо Силва, кој се верува дека е пред потпис со Барселона.
Флорентино Перез го одбра Жозе Мурињо за нов тренер на Реал Мадрид, и веќе му обезбеди две засилувања на „специјалниот“ – Ибрахима Конате и Дензел Дамфрис.
Тој исто така најави и „галактико“ засилување за кого ќе понуди 150 милиони евра, иако името не се открива, шпанските медиуми тврдат дека станува збор за Мајкл Олисе.
Во меѓувреме, весникот АС објави дека Жозе Мурињо лично побарал уште едно засилување, односно Бернардо Силва.
Португалецот минатиот месец се поврзуваше со „кралевите“, тогаш не беше помеѓу приоритетите, но сега барањето на Жозе Мурињо ја менува ситуацијата.
Интересно е тоа што Бернардо Силва во меѓувреме се договори со Барселона, но „каталонците“ прво сакаат да се ослободат од неколку играчи пред да ја финализираат зделката.
По вчерашниот натпревар на Португалија против Чиле, Бернардо Силва не сакаше да потврди ништо и само рече: „Да, Барселона е една од опциите, но се уште не сум решил каде ќе продолжам. Ги почитувам сите клубови и ќе одберам средина каде ќе се чувствувам ценет“.