Тотнем со убедливи 3-0 загуби на гостувањето кај Манчестер Сити. Тие почнаа добро, имаа шанса од слободен удар да поведат, но топката која ја шутна Кејн заврши во стативата.
Следуваше пенал за Сити, Гундоган веќе ја загуби топката, но Хојбјерг несмасно го удри и судијата досуди пенал по кој домаќините поведоа, а во второто полувреме дадоа уште два гола за голем триумф.
„Свеж тм против многу уморен тим кој стартуваше многу, многу добро, со комплетна контрола на натпреварот. Ја погодивме стативата, ако дадевме гол тоа ќе ни дадеше гориво кое посебно ви треба кога сте уморни како момците што беа“, вели Мурињо мислејќи на тоа дека Тотнем пред кратко време одигигра меч од 120 минути против Евертон.
„А потоа еден од оние модерни пенали, сакам да ги кажам модерни пенали, не ставија во тешка ситуација, но јас сум многу, многу среќен со однесувањето на момците“.
„Имав момци на теренот кои играа два часа пред неколку дена. Дадоа се од себе. Одлично однесување, со дигнитет. Кога ќе загубите со 3-0 а не сте обединети тогаш е проблем, но го видов Хари, Пјер, Бен како даваат се од себе, ви ги кажувам овие три имиња, но можам да ви кажам шест или седум, можам и повеќе, сите дадоа се од себе и не можам ништо да кажам против моитие фудбалери. Ниту за неколкуте дефанзивни грешки кои секогаш ни се случуваат“.
Потоа Мурињо беше запрашан да објасни што му значи тоа модерен пенал.
„Пенал кој се суди дури и ако со нокт си го допрел противникот во шеснаесетникот. Се разбира зависи и од противникот, од тимот. Но кога ќе го допрете со нокт судат пенал. Одите во ВАР и ВАР не може да негира дека имало допир, понекогаш со прстот, понекогаш со ноктот, понекогаш со носот. Не можете да негирате дека имало контакт. Тоа е тоа што го викам модерен пенал“.