Мурињо: Велеа дека кога ќе ни заврши серијата мечеви со топ-шест екипите, ќе ни дојдат полесни противници, но…

by
1 минути читање

Тотнем имаше серија од тешки натпревари која ја помина релативно успешно, за кратко време играа против Манчестер Сити, Челси, Арсенал, Ливерпул и Лестер.

„Многу е тешко во оваа лига да се биде постојан. Секој натпревар е многу тежок. Ние бевме во период каде требаше да играме против најдобрите шест тима, да играме против нив во серија. Сега луѓето велат дека ќе имаме полесна серија на мечеви. Која полесна? Одиме на Вулвс, играме со Фулам и Астон Вила? Не е полесно“, вели Мурињо.

„Ова е лигата каде сме и треба да бидеме среќни затоа што е ваква, а не тажни, бидејќи тоа е фантастично“.

Тотнем во недела му гостува на Вулвс кој во моментов е на 11 место, Мурињо има пофалби за неговиот сонародник, Нуно Еспирито Санто.

„Нуно е многу добар тренер, не е важно дали Вулвс е втор, трето, осмо или девето. Тој е многу добар тренер“.

„Ја гледате оваа табела и како може да ги анализирате тренерите според неа. Таа се менува секој недела, на секои два меча. За една недела еден тим е на една позиција, и две кола подоцна е на сосмеа друга позиција. Не можете да ја анализирате работата на тренерите затоа што се на трето или осмо место. Сите се тука“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×