Мурињо тргна по косовски репрезентативец

by
2 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Тотнем, Жозе Мурињо очајно е во потрага по замена за
повредениот Хари Кејн, Португалецот посакува напаѓач уште во јануарскиот
преоден рок, а клубот веќе има неколку опции на трансфер пазарот.

Откако стана
јасно дека Единсон Кавани е пред трансфер во Атлетико Мадрид, за што од ПСЖ
известија дека Уругваецот и самиот побарал да си замине, од Тотнем вниманието
го насочуваат кон напаѓачот на Фенербахче, Ведат Муриќи.

На Островот
известуваат дека Тотнем ќе тргне по косовскиот репрезентативец со понуда од 20
милиони фунти, а за Фенербахче тоа би било убава зделка со оглед на фактот што
ланското лето го доведоа од Ризеспор за само 3.5 милиони евра.

„Сан“ пишува дека
со оглед на своите физички карактеристики, 25 годишниот Муриќи во целост го
исполнува профилот на еден напаѓач кој го посакува Мурињо уште овој месец.

Дополнително, со
оглед на тоа што во Фенербахче се соочуваат со одредени компликации во клубот
од финансиска природа, нема да изненади едно сценарио во кое Муриќи ќе биде продаден
уште овој преоден рок, а за него интерес постои воедно и од Барндли.

Што се однесува
конкретно за Муриќи, тој има договор со Фенербахче со важност до 2023. година, игра во фантастична форма, а за момент го привлече
вниманието на повеќе екипи, откако на 17 настапи за Фенербахче успеа да
постигне 11 погодоци, за репрезентацијата на Косово пак, на 23 настапи запиша 8
погодоци.

Во Шпанија
претходно известија дека постојат преговори помеѓу Тотнем и Реал Сосиедад за
трансфер на Вилијан Жозе во составот од Лондон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани