Мурињо со прв коментар за Солскјер, кажа што мисли за најавите Норвежанецот да ја добие работата летоска

by
2 минути читање

Оле Гунар
Солскјер седна на жешкото сотлче на Олд Трафорд во декември, откако по
најлошиот старт во последните 27 години, Жозе Мурињо доби отказ.

Норвежанецот во
прв момент беше гледан само како привремена опција, а Покетино, Алегри и Зидан
како звучните имиња по кои ќе се тргне летоска. Сепак, Солскјер го препороди
Мначестер јунајтед, па сега се говори дека тој е прв фаворит за работата.

Жозе Мурињо иако
има клазула според која не смее да говори за случувањата во Манчестер
јунајутед, или во спротивно ќе остане без милионското обесштетување, сепак
најде начин како да ја прокоментира ситуацијата.

Зборувајќи за
беИН Спортс, Мурињо направи анализа на одлуката на Фулам да му врачат отказ на
Клаудио Раниери и да го именуваат Скот Паркер за нов предводник, па го
искористи ова за да направи компарација со неговата ситуација во Манчестер
јунајтед.

„Дали Фулам може
да добие подобар тренер од Клаудио? Никако“
– вели Мурињо. „Дали можете да го
споредите искуството на Клаудио со она на Скот, кој за прв пат ќе предводи тим?
Нема шанси“.

„Но понекогаш во
фудбалот, и како пример го имете мојот поранешен клуб, вквите промени на краток
рок носат позитивни резултати. Сепак, не верувам дека ваквите промени носат
добри резултати на долг рок“.

Со овие
коментари, Жозе Мурињо јасно сугерира дека Оле Гунар Солскјер не треба да добие
нов договор и Манчестер јунајтед треба да тргне по тренер со големо педигре.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани